ЗАКУП НА БРОДОТ
              Со оглед на големината и карактеристиките на бродот Галеб Ви нудиме организација на деловни состаноци, мини семинари и презентации со можност за користење ви ВИП салон опремен со видео прожектор и ЛЦД монитор, како и одлично озвучување. Исто така на бродот може да се организираат сите видови на семејни веселби.

              Бродот може да се закупи во време кога Вас Ви одговара, а цената на закупот се формира во зависност од Вашите потреби, желби и годишното време.
Исто така соработуваме и со најелитните ресторани во градот, така да во секое време може да се организираат закуски, коктели, ручеци и вечери .

              Во ексклузивниот амбиент на бродот Галеб климатизираниот салон поделен на два дела, ВИП и другиот салон во задниот дел на бродот, како и барот со најразноразни пијалоци и коктели со одбрано друштво и музика која Вие ќе ја одберете Ви гарантираме незаборавни моменти.

Со Галеб по Охридското езеро: